Градоначалникот Беличанец - Алексиќ во секоја месна заедница во изминатиот двомесечен период, вршеше кратка ретроспектива за завршените работи, кои на претходните состаноци беа дефинирани како приоритети во тоа населено место, а ги слушна и забележа сите нови идеи, предлози и приоритети, кои треба да се најдат во градежната агенда за следниот период.
Општината Кисела Вода е една од ретките скопски општини во кои одлично функционира работата на месната самоуправа, како начин на подемократско и поефикасно исполнување на граѓанските интереси. Управувањето со територијата на општината е организирана преку 15 месни и урбани заедници, а во секоја ваква истурена канцеларија на општината е вработен општински референт, кој е практичен преносител на барањата на граѓаните до општината.