09/05 2022
Целокупната механизација е на терен, се работи со засилена динамика на оваа клучна патна артерија во населбата Драчево, на чија инфраструктурна обнова со децении чекаа повеќе од 30 000 граѓани од Драчево и околните населени места.
Токму затоа овој проект беше издвоен како приоритетен и се реализира преку соработката на Општина Кисела Вода со Градот Скопје, кој е финансиерот на истиот.