Секој жител на општина Кисела Вода, една седмица претходно, во периодот од 12.09.2022 до 19.09.2022 година, ќе може да закаже термин за бесплатно подигнување на кабастот отпад, на телефонскиот број 02/2785-427, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.
Граѓаните кои ќе сакаат да им биде собран и одложен кабастиот отпад се должни истиот да го одложат пред нивниот објект на безбедна локација, со што не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот кои ќе се движат во тој период.
Уште еднаш, сакаме да апелираме за одговорно однесување на секој поединец со кое се придонесува за зачувување на чистотата и животната средина, што е наша заедничка цел.