-На денешната средба бев информиран за активностите и плановите, како и за проблемите со кои што се соочуваат овие пациентски здруженија. Од мене како градоначалник, ќе ја имаат целосната поддршка, но и конкретни чекори кои ќе произлезат од нивните предлози за вклучување на локалните власти како своевидни партнери и поддржувачи во активностите на здруженијата, како на просторно обезбедување на работата, така и во поглед на заеднички примарно едукативно-образовни проекти на подрачјето на општина Кисела Вода-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски по средбата.