Пред присутните членови, новото раководно лице, Стоимановски, ги презентираше своите цели за развој на училишниот спорт, како и активностите што ги планира за негово омасовување.
Како што истакна во своето обраќање, тој и досега како наставник по физичко воспитување, има работено на откривање на спортските афинитети на учениците и помош при нивниот развој во идни спортисти, натпреварувачи и потенцијални репрезенттивци во националните спортски селекции во Република Македонија. Заживувањето на Сојузот, што е негов план, ќе им пружи поголеми можности на спортските таленти, како и усовршување на стручните кадри во насока на унапредување на училишниот спорт во Општина Кисела Вода. Заедно со раководството на Општина Кисела Вода, со градоначалникот Ѓорѓиевски, со наставниците по физичко воспитување и со родителите, на учениците ќе им овозможиме да го развиваат својот потенцијал и да донесат врвни резултати на кои сите ќе се гордееме, истакна Претседателот Стоимановски во своето обраќање.