-Преку 60-тина граѓани дојдоа да поразговараме, да ги изнесат своите проблеми и директно да пристапиме кон нивно брзо решавање. Покрај решавањето на она што ги засега, од сето ова произлегуваат и корисни совети од моите повозрасни сограѓани. На мое задоволство, така беше и овој викенд. И ништо не е напорно доколку уживаш во тоа што го правиш, токму затоа овие чести средби ги одржувам за викенд, бидејќи можеме подолго да разговараме и детално да се информирам за сѐ она што е важно за нив, нивните сугестии и забелешки. Вратата на мојот кабинет е секогаш отворена за мојот народ и секој оној што сака да оствариме средба, 02/2785-401 е бројот за закажување, додека пак средбите кои секојдневно се одвиваат продолжуваат со истата динамика. Транспаретно, отворено и блиску до мојот народ - тоа е нашиот принцип на работа, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.