Во големата сала во Општина Кисела Вода вчера (13.11.2013) беше одржана трибина со одговорните наставници, директорите на сите основни училишта, одговорните за образование од Општина Кисела Вода и претставници од компанијата Пакомак, на која се презентираа постигнатите резултати за учебната 2012/2013 година и се предложија нови активности за учебната 2013/2014 година, со цел проектот да биде поуспешен за почиста околина и за подобрување на хигиенските услови во училиштата.
Минатата година најдобрите училишта како награда добија разновидни спортски реквизити и надгледни средства за учениците. А како најуспешно училиште за учебната 2012/2013 година беше избрано основното училиште “Круме Кепески” и подрачното училиште “Рајко Жинзифов”.
Со благодарници за соработка беа пофалени трите најуспешни училишта за учебната 2012/2013 година, училиштата “Рајко Жинзифов”, “Кузман Шапкарев” и “Круме Кепески”.
“-Минатата учебна 2012/2013 година имавме одлична партиципација од страна на учениците, наставниците и родителите што резултираше во една успешна акција и се надеваме дека оваа година ќе ни биде поуспешна” – изјави Елизабета Јаневска од Општина Кисела Вода.
Активности на Пакомак и бенефити за општината и училиштата 2012/2013
• Во период 2012/2013 собрани се 7451 кг. пластичен отпад
или 276 контејнери.
• Доделени две главни награди на:
• ОУ Крупе Кепески
• ОУ Рајко Жинзифов - подрачно
• Во повеќе наврати доделени награди: спортски реквизити,
наставни помагала.
• Донирани се рози на училиштата.
• Дониран е течен сапун во износ од 1330 литри.
• Наместени 260 апарати за течен сапун.