Огромни количини на нарасната вегетација и тиња, но и шут, кабаст и комунален отпад оставен од несовесни граѓани завршија на депонијата во Дрисла. Грижата за животната средина и понатаму останува да биде во фокусот на Општина Кисела Вода, што резултира со бројни вакви и слични акции за чистење и расчистување.
Сепак, како локална самоуправа сакаме повторно да апелираме до граѓаните кои треба да покажат свест и совест и да ја сочуваат средината во која живеат. Покрај превенирањето на загадувањето во еколошка смисла, потребно е да се разбере и дека отпадот кој завршува во коритото на Мала Рада, може да влијае врз намалување на пропусната моќ на оваа река, што пак може да доведе до нејзино излевање во случај на обилни врнежи.
https://fb.watch/hpvkHz9kw_/