Оваа година, манифестацијата започнува со литија од храмот Св. Ѓорѓија во 10:30 минути, од каде верниците и свештенството ќе се упатат кон базенот Расадник. Осветувањето на водата и положувањето на крстот ќе се случи во 11 часот.
За најсреќниот учесник што ќе го фати богојавленскиот крст e предвидена парична награда од Општина Кисела Вода и од спонзори.
Заинтересираните треба да се пријават најдоцна до среда, 18.01.2023, до 18 часот, на телефонскиот број 075/309-548 (Далибор). Истите ќе треба да потпишат изјава дека се во добра здравствена состојба.