ОХО како национален координатор на интернационалните програми на светската Фондација за еколошка едукација (ФЕЕ) ги реализира програмите Еко-училиште, односно Еко-градинка, во воспитно-образовниот систем во Р. Македонија.
Еко-училиште, односно Еко-градинка е училиште или градинка кое ги има усвоено заштитата на животната средина и еколошката едукција како основни вредности во своето работење. Успешната реализација на 7-те чекори еко-менаџмент, интегрирањето на 9-те еколошки теми во наставата и постигнатите резултати од реализацијата на еко-стандардите носат придобивки и резултати и се основа за наградување на еко-училиштата и еко-градинките на ниво на Зелено знаме, сребрено и бронзено ниво, како дел од интернационалната мрежа.
Главна придобивка од оваа програма е можноста за создавање мрежа на еко-училишта и еко-градинки, а со членство во мрежата се овозможува учество во национални и интернационални натпревари, аплицирање со проекти и добивање финансиска поддршка од ОХО, поврзување со училишта и градинки од регионот и пошироко.