Како пример на своето време, преку својата визија и храброст, Гоце Делчев ни го остави своето дело, својата визија и патоказот кон силна и обединета Македонија.
Испречени пред неправдите, пред обидот за грабеж на македонската историја и негирање на македонскиот бит, со гордост се поклонуваме пред нашиот и само наш македонски херој!
Борбата на Гоце продолжува.
Опстанокот на вистината за Македонецот мора да остане жив.
Тоа е наш завет, аманетот на оваа и сите следни генерации!
Гоце е Македонија и за тоа нема никаков компромис!
Да живее Република Македонија!