Градоначалникот Ѓорѓиевски кој денес присуствуваше на завршните градежни активности им се заблагодари на жителите за трпението и разбирањето додека се одвиваше санацијата и најави дека градежната офанзива за обнова на патната инфраструктура ќе продолжи и во сите останати урбани и месни заедници.
-Денес, нов асфалт добиваат краците од ул. ,,Димо Хаџи Димов” и ,,Марко Орешковиќ”! Овие се доста фрекфентни улици со површина од околу 2500м2 на кои одамна не е интервенирано, а жителите секојдневно ги користат за извршување на своите секојдневни обврски. Пред сѐ, сакам искрено да се заблагодарам на мојот народ за трпението и разбирањето во изминатиот период додека овие краци беа во фаза на реконструкција. Свесен сум дека работните активности додаваа дополнителна доза на нетрпеливост, но крајот од денот сѐ се заврши добро и во иднина нема да ги имаат проблемите од минатото. Ние тука не застануваме, нашите заложби за модерна и напредна општина по мерка на моите сограѓани продолжуваат и во тоа ќе успееме заеднички-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.