На средбата беа договорени конкретни проектни активности за потребите на општина Кисела Вода. Се разговараше за можни проекти за студентска пракса и архитектонски проекти меѓу двете институции, а посебно внимание се обрна на актуелните случувања во врска со распишаниот конкурс за идејно решение за ДУП за Расадник.
Градоначалникот Ѓорѓиевски го промовираше проектот и од двете страни се изрази интерес за вклучување на стручниот персонал и студентите во конкурсот.
Дополнително, на оваа средба, која е само прва од планираните што следат, беше постигнат договор општината да додели стипендии за студирање на ИБУ за најдобрите ученици од училиштата кои се на нејзина територија.