“- После анализата за можните пречистувачи на воздухот од тешките метали, се дојде до сознание дека белата роза е водечка во абсорбцијата на оловото и кадмиумот од загадениот воздух. Со оваа донација сакаме да придонесеме кон поздрава и почиста животна средина – вели Марко марковски, член на Лионс клуб центарот од Скопје, кој најави можност во акцијата “Ден на дрвото” да се вклучи и Лионс клуб центарот од Скопје со донација на нови садници од бели рози кои би се засадиле на територијата на општината Кисела Вода.