Нејзината близина до ООУ “Рајко Жинзифов”, до пазарот и поврзаноста со главната улица, “Славка Динкова”, говори за каква важна сообраќајна артерија се работи, но говори и за негрижата во минатото, бидејќи истата не е реновирана од изградбата во минатиот век.
Со санација ќе биде опфатена и улицата “Ниџе Планина”, на делот помеѓу улиците “Славка Динова” и “Гандиева”. Се работи за градежна интервенција со вкупна површина од околу 2000 м2 кои ќе бидат завршени за 10-тина дена.
Паралелно, во тек е целосната реконструкција на улицата “Малешевска” и нејзините краци, која Општина Кисела Вода ја започна минатата седмица. На оваа локација се работи на поставување на нов асфалт и тротоари. Се поставува и ново модерно штедливо осветлување. Досегашните живини, се заменуваат со лед светилки. Ќе се реши проблемот и со атмосферските отпадни води, кои ќе се одведуваат во попивателни бунари.