За да се искористи оваа бесплатна услуга, потребно е да се закаже термин на телефонскиот број 02/2785-427 секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во период од 26.04.2023 до 02.05.2023.
Граѓаните кои ќе сакаат да им биде подигнат и одложен кабастиот отпад треба да го одложат пред нивниот објект на безбедна локација со што не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот кои ќе се движат во тој период. Потоа, нашиот тим за собирање на отпад ќе ги подигне предметите, во денот што е претходно договорен со службите и ќе го транспортира на локација предвидена за ова намена.
Грижата за нашата општествена заедница, мора да биде заедничка. Оттука, апелираме до нашите жители да ја искористат можноста и да бидат дел од уште една акција на Општина Кисела Вода, чија цел е создавање и одржување на чиста и здрава животна средина. Повеќе нема простор за изговори бидејќи услугата е бесплатна, а отпадот се подигнува од дома.