Се реконструираат улицата “Христо Татарчев 14/31” во должина од 30 метри, ул. “Христо Татарчев 14/33” во должина од 50 метри, ул. “Христо Татарчев 14/36А” во должина од 150 метри, и улицата “Христо Татарчев” 14/146 во должина од околу 70 метри.
Вакви градежни активности за поплочување на сервисни улици во изминатиот период финишираа и на два краци на улицата “Речиште” во селото Драчево, а општината Кисела Вода во моментов поставува и нови тротоари во должина од околу 80 метри, на улицата “474” во населбата Бирарија, која неодамна целосно се реконструираше.