Многубројната публика уживаше во фолк хитовите, маестрално изведени од бардовите на македонската народна музика, Сузана Спасовска и Миле Кузмановски. Ним им претходеше концерт на КУД Китка, фолклорниот ансамбл кој е препознатлив белег на Драчево, но и на цела општина Кисела Вода. Настанот се затвори со голем огномет, а аплаузите не престануваа уште долго потоа.
Културното лето продолжува и денес во паркот пред салата Расадник. Од 10 часот започна настан посветен на децата-Игри без граници, дополнет со Маша и Медо, аниматори, забавувачи, детски хорчиња, зумба во природа... Од 21 часот повторно во Расадник, најавуваме одлична забава, најпрво со Жаре Бербер и Галама Бенд, а потоа од 22 часот следува голем концерт на балканската ѕвезда Петар Грашо. Ги покануваме сите да бидат дел од Бескајната приказна за Кисела Вода која станува се’ подобра!