Триесетина години на ова место не се вршени никакви реконструктивни зафати иако се работи за фреквентна улица, лоцирана во јадрото на Кисела Вода. Со санацијата ќе бидат опфатени и паркинзите на оваа улица, а ќе биде изведен и нов паркинг простор. Сумарно, се работи за градежен зафат на површина од оклолу 2800 квадратни метри.
-Денес се наоѓаме во урбаната заедница Цветан Димов, на улицата “Емил Зола” која е видно оштетена. На нејзина санација се чекаше речиси три децении, што е недозволиво бидејќи оваа собраќајница во своето секојдневие ја користат неколку илјади луѓе. Со реконструкција ќе ги опфатиме и “Емил Зола” и двата крака, како и двата постечки паркинзи. Градиме и нов паркинг простор, со што го подобруваме и сообраќајот во мирување-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.