Во организација на Општина Кисела Вода во соработка со ‘Авард Филм и Видео”, “Банана филм”, како и со МРТВ и “Вардар Филм”, во саботата беа емитувани емитувани две епизоди од серијалот ,,Викенд на мртовци", а по нив и филмот,,Кајмак" во режија и сценарио на Милчо Манчевски. Во неделата пак, на љубителите на филмската уметност им беа прикажани нова епизода од Викенд на мртовци", документарниот филм “Ќеиф”, како и ,Ах љубов моја" во режија на Коле Ангеловски.
Бесплатните филмски прожекции под отворено небо со кои Општина Кисела Вода го збогатува културниот и забавниот аспект на животот, ќе продолжат и следната година. Воедно, со повеќе креативни и иновативни настани ќе биде одбележан и перодот што е пред нас.