Програмата вклучува различни изложби, дискусии, работилници, проекции на филмови и концерти. Фестивалот ќе биде отворен утре, на 7-ми септември во 20 часот, со изложбата на уметнички фотографии на Драги Неделчевски и Небојша Гелевски, насловена „Запознавање и прифаќање” и музичкиот концерт на македонскиот трап-изведувач Пајак.
Следните два дена ќе бидат исполнети со неколку работилници за деца и млади, изведба на инклузивен хор на деца со и без попреченост, концерт на македонскиот фанк/алтернативен бенд Funk Shui, проекции на неколку филмови, инклузивна театарска претстава на танцовото студио Еурека Катерина, ретро музичка забава со Ламбе Алабаковски и пријателите „Македонија во 90-2000-тите”, забава со ди-џеј и уште многу други интересни настани.