На површина од околу 500м2, градиме нов фудбалски терен со квалитетна вештачка трева во училиштето ,,Круме Кепески” во Кисела Вода.
Паралелно, во дворот на училиштето се изведуваат и градежни активности за изградба на детско игралиште со модерна урбана опрема и реквизити кое ќе обезбеди современи услови за одмор и рекреација на дечињата од овој дел на општината.
Инвестициите во спортската инфраструктура се инвестиции во градење активни и здрави генерации кои ќе бидат темелот на нашата иднина, затоа со несмалено темпо продолжуваме и во иднина. И овој проект, како и претходните е од исклучителна важност бидејќи се фокусира на физичкото и психичкото здравје на најмладите жители.