Во рамките на сите месни и урбани заедници на општина Кисела Вода ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои секојдневно бесплатно ќе го подигнуваат кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради на територија на општина Кисела Вода.
За да се искористи оваа бесплатна услуга, потребно е да се закаже термин на телефонскиот број 02/2785-427 секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во период од 25.09.2023 до 29.09.2023.
Граѓаните кои ќе сакаат да им биде подигнат кабастиот отпад треба да го одложат пред нивниот објект на безбедна локација со што не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот кои ќе се движат во тој период. Потоа, нашиот тим за собирање на отпад ќе ги подигне предметите, во денот што е претходно договорен со службите и ќе го транспортира на локација предвидена за ова намена.
Зачувувањето на природата и животната средина е наша заедничка обврска и одговорност. Затоа апелираме до сите граѓани да се приклучат на оваа акција. Поддршка и заедничката ангажираност се од суштинско значење за нашата заедница.