Оваа мерка, која лани беше промовирана за прв пат од Општина Кисела Вода, има за цел да им понуди помош на жртвите од врсничко насилство или на нивните блиски. Истото се спроведува заедно со Младински центар “Крик” чиј претседател, Мила Ангелевска Кардафова, е еден од психолозите кои овозможува бесплатна помош и поддршка. На овој начин ќе може да се надмине стравот и срамот за проблемот да се пријави, како и да се изнајде начин тој што побезболно да се реши.