Автобусите во општина Кисела Вода ќе тргнуваат од два пункта и тоа 3 автобуси ќе тргнат од спортската сала Расадник и еден автобус од паркот кај поштата во нас. Драчево. Организираниот превоз на граѓаните од двата пункта ќе се одвива во две тури, а авотбусите ќе тргаат од 09:00 и 11:00 часот.
Општина Кисела Вода ги повикува сите граѓани активно да се вклучат во оваа акција која годинава се реализира под мотото: “ЗАСАДИ ЗДРАВЈЕ! ЗАСАДИ ЗДРАВА ИДНИНА!”, со цел да се добие масовност и да се насадат што повеќе дрвја.