Меѓу бројните проекти од социјална сфера, е и проектот „Грижа и сигурност за секое дете“. Преку него, за дечињата од социјален ризик обезбедивме ослободување од партиципација за трошоците за членување во професионални спортски клубови.
Се работи за 40 ученици од општинските основни училишта на територија на Општина Кисела Вода, на кои на овој начин им се овозможува бесплатно да спортуваат и да се надградуваат во омилениот спорт, исто како и сите нивни врсници.
Проектот е овозможен преку соработката на Општина Кисела Вода со повеќе спортски клубови, на кои во оваа прилика сакаме да им се заблагодариме за хуманоста и за општествената одговорност што ја покажуваат.
Голема благодарност упатуваме до:
Здружение Кошаркарски клуб „H20 Скопје“
Кошаркарски клуб „Водно Санс“
Кошаркарски клуб „Тим Баскет“
Кошаркарски клуб „Ангели“
Боксерски клуб Кисела „Вода Јуниор“
Женски кошаркарски клуб „Бадел“
Карате клуб „Фунакоши Гичин“
Ракометен клуб КМГ „ГРУП СПОРТ“
Одбојкарски клуб „Бест Волеј“
Спортски клуб „Мастер Волеј“
Клуб за џиу- џица „ДАН-КЈУ Скопје“
Женски Ракометен клуб „Ѓорче Петров“
Фудбалски клуб „Драчево“