Таа посочи дека процесот на легализација во општината се одвива со добра динамика и истакна дека при легализацијата на дивоизградени објекти главна улога имаат граѓаните.
“-Во изминативе неколку месеци откако ја воведовме практиката за јавно доделување на решенијата, доделуваме во просек по околу 40-тина решенија за легализација на неделна основа, односно за неколку месеци доделивме преку 620 нови решенија” – информираше Беличанец – Алексиќ и ги повика сите граѓани да ја комплетираат својата документација, потсетувајќи дека крајниот рок за доставување на геодетскиот елаборат е 18 јуни 2014 година.
Беличанец – Алексиќ информираше дека во моментов од 70 урбанистички согласности кои се изготвени и достапни на странките во едношалтерскиот систем, само 38 се подигнати без платен надомест, а 32 граѓани воопшто и ги немаат подигнато согласностите.
-“Токму затоа, ја користам приликава да ги повикам сите правни и физички лица на кои им е изготвена Урбанистичката согласност, во најкраток можен рок да го платат надоместокот и да ги подигнат согласностите, за да може да се продолжи постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите” – апелираше Беличанец - Алексиќ.
На крајот, градоначалникот повторно упати апел до сите жители на општината да не го злоупотребуваат процесот на легализација и да градат нелегално во овој вакуум простор, бидејќи како што рече, ќе се соочат со Општинската градежна инспекција која постојано е на терен.