12/23 2013
Завршната презентација на овој проект ќе се реализира утре (24.12.2013), во 10:30 часот, во просториите на градинката “Сончоглед” (спроти Домот за слепи лица).
На настанот ќе биде презентиран и краток филм од обуката на воспитно-образовниот кадар и орнаментите што воспитувачите заедно со децата ги изработија во текот на работилниците.