Планираните расходи на Општина Кисела Вода за 2014 година изнесуваат 961.080.000 денари и со тоа се запазува буџетското правило на балансирани приходи и расходи. Учеството на капиталните расходи изнесува 38 % со што се планира да се иницира изградбата на нова и реконструкција и одржување на постојната инфраструктура како и подобрување на вкупните јавни услуги. Во делот на расходите за стоки и услуги на кои отпаѓаат 28 % покрај тековните расходи за функционирање на општината се содржани и расходите за функционирање на буџетските корисници – ЈДГ и ОУ.
Во најголемиот дел, капиталните расходи се однесуваат на изготвување на проекти, изградба и реконструкција на улици и патишта, изградба на капацитети за водоснабдување, изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води и изградба и реконструкција на јавно осветлување, изградба и реконструкција на детски и спортски игралишта и друго. Исто така, предвидени се средства за купување на опрема, а планирани се и набавки на разни видови урбана опрема, информатичка опрема и предвидени се и каптални расходи за одржување на чистотата и зелените површини во општината.
Блок дотациите за ОУ и ЈДГ во буџетот на Општина Кисела Вода се планирани во износ од 258.206.000 денари, односно во структурата на вкупниот буџет учествуваат со 27 %.
Расходите кои се однесуваат на резервите и недефинираните расходи преставуваат мал дел од вкупните расходи.
Покрај буџетот и одлуката за извршување на буџетот, на 11-та пленарна седница се изгласаа и одлуката за утврдување на предлог - Детален урбанистички план за реон Ј, четврт 08 Општина Кисела Вода Скопје, плански период 2013-2018, како неколку одлуки за утврдување на граници на плански опфат за вклопување на бесправно изградени објекти.