-“Целта на овој предновогодишен хуманитарен хепенинг е да им посакаме на овие деца среќна Нова година, исполнување на сите желби и безгрижни детски денови во новата 2014 година” – изјави претседателот на Советот, Трајче Донев, кој изрази задоволство и благодарност до сите советници кои се вклучија во оваа активност.
Децата уживаа во прекрасната Новогодишна програма со Дедо Мраз, а на крајот добија новогодишни пакетчиња и плишани играчки.