Имено, би сакале да потенцираме дека Општина Кисела Вода најголем дел од проектите кои ги реализираше и сеуште ги реализира, ги финансира од сопствениот буџет. Но, добредојдена е и секоја надворешна помош и донација, која практично е добиена како резултат на довербата што е стекната со напорна и чесна работа и сето тоа во интерес на граѓаните на Општина Кисела Вода.
Апсурдно е да се говори дека општината не инвестира во изградба на канализации, кога споменатата канализација на улицата “Христо Узунов” веќе е завршена. Во најскоро време ќе се пристапи кон изградба и на канализацијата на улиците “Зеленгора” и “Ѓорѓи Сугаре”, за што општината веќе ја изготви проектно-техничката документација.
Смешно е да се тврди дека екологијата е запоставена, кога во изминатиот период се изврши хортикултурно и партерно уредување на неколку фрекфентни локации во општината, а се зголеми и бројот на сезонски вработени кои се грижат за тековно одржување на зелените површини.
Општина Кисела Вода со реализацијата на сите досегашни проекти потврдува дека домаќински и одговорно се однесува со парите на своите граѓани. Така ќе продолжи и во иднина.
Од друга страна пак, недостигот на идеи, СДСМ сака да го надомести со деструктивни и неаргументирани соопштенија, кои никако не поминуваат кај жителите на Кисела Вода. Жителите на Кисела Вода многу добро знаат и гледаат колку се работи во нивната општина.
СДСМ сеуште не може да сфати дека со деструктивна политика и неаргументирано напаѓање не може да се добијат избори. Тоа граѓаните добро го знаат и го потврдуваат на последните неколку изборни циклуси во Кисела Вода.
Со почит,
Општина Кисела Вода