Советникот Бранко Георгиевски без никаков основ, прикривајќи се зад граѓанска иницијатива, обвинува за узурпација на парк шумата Водно и изградба на нови градби. Согласно законските прописи границите на парк шумата Водно се јасно дефинирани од Град Скопје согласно Генералниот урбанистички план. Во рамките на границите на парк шумата Водно не е дозволено изградба на нови градби.
Потенцираме дека на денешната седница воопшто не станува збор за носење на Детален урбанистички план, туку, измена на програмата за урбано планирање, што е основен услов за добивање на Условите за планирање на Министерството за животна средина и просторно планирање, кои што целосно мораат да бидат испочитувани при секое носење на нови Детални урбанистички планови. Моменталната состојба на немање на Детален урбанистички план на овој од Општина Кисела Вода, повлекува неможност да се продолжи постапката за легализација на дивоградбите, неможност да се извршат реконструкции на постојната патна инфраструктура, и појава на нови диви депонии кои Општина Кисела Вода редовно ги чисти.
Напоменуваме дека доколку во иднина Општина Кисела Вода пристапи кон носење на нов Детален урбанистички план, во целост ќе биде испочитувана законската процедура, која подразбира, јавна објава во Месната заедница со јавна презенатација и анкета по основ на истиот.