Комплетно хортикултурно и партерно уреден, со клупи, канделабри, јавна чешма и парковско зеленило, просторот е поделен на два дела: парк со фонтана –чешма и детско игралиште. До крајот на февруари ќе им обезбеди на дечињата од општина Кисела Вода, безбеден простор за игра и рекреација, а на нивните родители спокоен одмор.
Проектот е изработен од проектантската куќа “Инпума“, изведувач е АД “Пелагонија Гостивар”. Се работи за комплетна инвестиција на општина Кисела Вода во износ од 2 100 000 денари. Изградбата на овој објект претставува наша обврска бидејќи најмладите жители на општината и потребите кои тие ги имаат се секогаш приоритет за нашата граѓанска заедница.