01/28 2014
Поради зафат што ќе го врши екипа на ЕВН Македонија АД заради унапредување на електропреносната мрежа, утре без струја ќе биде улицата "Иван Козаров" во Кисела Вода, известува Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Струјата ќе биде исклучена во 9.30 часот, а се очекува снабдувањето да продолжи еден час подоцна.