Како што истакна градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ , ова е остварување на уште едно од ветувањата дадени до граѓаните за подобрување на условите за живеење, уште еден чекор напред за создавање на вистински услови за спорт и рекреација на жителите на општината. Потсети дека игралиштето во ОУ "Св.Климент Охридски" во с.Драчево е дел од владиниот проект „Изградба на 100 повеќенаменски игралишта“, а наскоро повеќенаменско игралиште ќе се гради и во Црниче, во подрачното основно училиште “Кузман Јосифовски – Питу”.
Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, Марјан Спасески, потенцираше дека овој проект е дел од континуираните заложби на Владата за развој на спортската инфраструктура. Потсети на актуелните проекти за изградба на 35 спортски сали, 50 помошни фудбалски игралишта, 100 тениски и 100 повеќенаменски игралишта кои течат со несмалена динамика.
Изградбата на повеќенаменското игралиште во ОУ “Св.Климент Охридски” во село Драчево треба да финишира до почетокот на април. А наскоро, ќе започне и изградбата на единечен тениски терен во населба Драчево