На овие две локации се поставени и нова ограда, модерни канделабри и корпи за отпадоци. За пешаците е поставено и одморалиште, со клупи и осветлување. Градежните работи ги изведе фирмата “Дадас”, а финансиските средства во висина од 3.3 милиони денари целосно ги обезбеди општина Кисела Вода. Со цел да им се излезе во пресрет на барањата на жителите на оваа територија, во текот на мандатот на градоначалникот Билјана Беличанец Алексиќ, ќе се реновирааат сите скали на потегот Цриче-Пржино.
Воедно, локалната самоуправа ги поттикнува граѓаните да дојдат во просториите на општината и да ги изнесат своите идеи, барања и желби, како заеднички би се оствариле подобри услови за живеење. За таа цел, два пати во неделата, секој понеделник и четврток, градоначалникот на општината, Билјана Беличанец-Алексиќ, остварува средби со граѓаните.