02/18 2014
Дел од корисниците од улиците „Марко Орешковиќ“ и „Димо Хаџи Димов“ во општина Кисела Вода утре од 9 до 11 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Како причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, го истакнуваат изведувањето инвестициски зафати во дистрибутивната електро-енергетска мрежа од страна на ЕВН Македонија.