Ова високо признание се доделува за особена посветеност во работата со програмата Еко- училиште, за извонредни достигнувања во едукацијата за одржлив развој и еколошки менаџмент и постојано подобрување на активностите од областа на заштитата на животната средина во училиштето и пошироката заедница.
Со тоа училиштето „Св.Климент Охридски“од с.Драчево, општина Кисела Вода, стана дел од светската мрежа на Еко- училишта.