Во моментот, екипи на изведувачот на градежните работи “БАУЕР БГ ДОО” Скопје работат на машинско крпење на ударни дупки на дел од ул„Пржино“ лоцирана во истоимената урбана заедница. Оттука и препораката до граѓаните, поради изведувањето на градежни активности, доколку се во можност, во наредните денови да ја избегнуваат оваа улица за сообраќај.
Во текот на наредниот период се планира санација и крпење на ударни дупки и во другите урбани и месни заедници на територијата на oпштина Кисела Вода, по претходно детектирање на проблемите од страна на општинските служби, како и по пријава од граѓани кои ја искористиле апликацијата „Види, пријави, поправи“.