Овде клучен беше третиот, одлучувачки сет, во кој ,,Драчевки“ на своите противници им препуштија само 10 поени. Во останатите средби од петото коло се постигнаа следните резултати: ОУ ,,Кузман Шапкaрев“ – ОУ,,Круме Кепески“ 1:2 (по сетови 23:25, 25:19 и 12:15), ОУ ,,Невена Георгиева Дуња“ – ОУ ,,Кузман Јосифовски Питу“ 2:0 (по сетови 25:10,25:22) и ОУ ,, Партеније Зографски“ – ОУ ,,Рајко Жинзифов“ 2:0 (по сетови 25:19 и 25:18).
На табелата во водство е ОУ ,,Св Климент Охридски“ со 10 бода пред ОУ “Невена Георгиева Дуња” со 8, и ОУ “Кирил Пејчиновиќ” и ОУ “Партение Зографски”, пласирани на третото и четвртото место со по 6 бода.
Шестото коло, во спортската сала ,,Независна Македонија“ на програмата е во понеделник (31 март), со почеток во 12:30 минути.