- Почестени сме што и нашето училиште ќе даде свој придонес за одбележувањето на Светскиот ден на спортот. За оваа пригода, подготвивме манифестација насловена ,,Спортуваме – здраво живееме“. Покрај неколку забавни точки, изложбата на најдобрите од литературниот и ликовен конкурс, направените спортски реквизити, кои ќе бидат изложени на штафелаи во малата сала, подготвивме и дерби натпревар меѓу ОУ ,,Невена Георгиева Дуња" и ОУ ,,Св. Климент Охридски“-истакна Зорица Русевска, директорка на ОУ ,,Невена Георгиева Дуња“.
Манифестацијата започнува во понеделник, 7ми април, во 11.00 часот во малата сала на ОУ "Невена Георгиева Дуња".