Повеќенаменското игралиште кое ќе се протега на 1056 квадратни метри, ќе биде од отворен тип. На сите љубители на спортот, бесплатно ќе им бидат ставени на располагање целокупната спортска опрема и реквизити потребни за мал фудбал, ракомет и кошарка. Заградено и осветлено, со клупи за одмор и корпи за отпадоци, ова повеќенаменско игралиште ќе биде место за собирање, дружење и спортување за сите, дури и во вечерните часови.
Изградбата ја финансира Владата на РМ, преку Агенцијата за млади и спорт. Ова не е единствениот ваков спортски објект во општина Кисела Вода. Во завршна фаза е изградбата на уште едно вакво повеќенаменско игралиште во село Драчево, во ОУ “Св.Климент Охридски”.