Во периодот од 11 до 15 часот, во Големата сала, 30 хумани граѓани донираа крв и со тоа ја изразија својата желба да помогнат и да спасат нечиј живот. Крв даруваа и претставници на општинската администрација и членови на сите месни и урбани заедници од општината.
Задоволни сме од одзивот на денешната крводарителска акција. Меѓу дарителите имаше и такви кои имаат ретка крвна група и нови, кои за прв пат даруваат крв-изјави д-р Јасмина Трајкова од Институтот за трансфузиологија.
Најмладиот дарител на оваа акција која се одржува под мотото “Придружете ни се да даруваме крв денес, зошто утре можеби и нам ќе ни треба!” имаше 21 година, а највозрасниот 60.