05/17 2014
Од 10 до 18 часот, во просториите на Големата сала на општина Кисела Вода сите хумани граѓани во рамки на своите можности можат да донираат облека, флаширана вода, хигиенски средства и со тоа да им обезбедат помош на жителите на Србија на кои во моментов им е неопходна. Помошта може да се достави и до сите месни заедници на територија на општина Кисела Вода, во истиот термин, недела 18.05. 2014, од 10 до 18 часот.
Коментари
2. Донирање на 100 денари со повик на телефоните : 075/070/077 143 400
3. Собирен пункт за хуманитарна помош во Скопје е магацинот на Црвениот крст на РМ во Момин Поток со адреса ул.Момин Поток бб, тел. 3096227. На локално ниво помошта може да се донира и во општинските организации на ЦК надвор од Скопје.
Црвениот крст на РМ , во соработка со Амбасадите на Србија и Босна и Херцеговина во РМ ги повикуваат компаниите и хуманите граѓани да се вклучат во апелот за помош на настраданото население .Хуманитарната акција започнува од 17.05.2014 – 31.05.2014 година.За текот и резултатите од акцијата јавноста ќе биде навремено и соодветно информирана.