Со оваа манифестација се придонесува во подигнување на квалитетот на наставата и квалификациите на учениците, како и нивна подобра подготвеност во процесот на работа и справување со професионалните предизвици. Покровител на случувањето е ЕВН Македонија, а спонзор, АРЦЕЛОР МИТТАЛ.
Во рамките на овогодинешните Денови на електротехниката, ЕВН Македонија организира еднодневна посета на ХЕЦ Матка, на која учесниците ќе добијат уникатна можност одблизу да видат како и денес успешно функционира овој електроенергетски објект, кој е од историско значење за Македонија.
Манифестацијата започна денес, 21.05.2014, со натпревар по физика. Посетата на ХЕЦ Матка е закажна за утрешниот ден кога и бидат соопштени резултатите од натпреварот , додека на 23.05.2014г. е финалниот натпревар меѓу училиштатa кои ги имаат освоено првите 3 места, како и доделувањето на награди за победниците и сертификати за учество на менторите од основните училишта.