Во тек е косење и чистење на Урбана Заедница Кисела Вода каде се ангажирани 30 сезонски работници од општината и 6 од пунктот-Кисела Вода на ЈП Паркови и зеленило. Во акцијата се вклучени тримери,тракторки-косалки и машини за средување на нараснатите тревни површини.
Во истата ќе бидат опфатени тревните површини околу ул.”Георги Димитров”,ул.”Христо Татарчев”, ул.”Димо Хаџи Димов”, како и централниот парк Македонија во урбаната заедница. Акцијата е предвидено да трае до 24.05.2014.
Слични акции во наредниот период ќе бидат спроведени во УЗ Пржино, УЗ Црниче, УЗ Бирарија, УЗ Цветан Димов и УЗ 11 Октомври-згради.