Со денешната легализација, од вкупно 11 874 достасани, бројот на решени предмети се искачи на 2689.
-Со големо задоволство сакам да истакнам дека се намалува бројот на граѓани кои немаат доставено геодетски елаборат и заклучно со денешниот ден, нивниот број изнесува 3954-истакна градоначалникот на општина Кисела Вода.
Укажа дека доставувањето на комплетната документација до општинските служби е вистинскиот начин за сите оние граѓани кои поседуваат дивоградба, заеднички со општината, да делуваат во насока на рамномерен просторен развој, рационално уредување на просторот и создавање на услови за хумано живеење и работа. Потенцираше дека дека заокружувањето на процесот на легализација ќе биде заеднички успех.
-Со новите детални урбанистички планови, кои на овој начин ќе можат да бидат донесени, на граѓаните и бизнис заедницата им даваме шанса за изградба на нови објекти и проширување и реконструкција на постоечките. Само на тој начин ќе придонесеме за успешен развој на нашата општина- изјави градоначалникот Беличанец-Алексиќ .