Овогодинешната тема на хепенингот ќе биде: “Светот- имагинарен и реален”. Целта на проектот е ликовната и музичката уметност креирана и интерпретирана од најмладите да се презентира на граѓаните и воедно да претставува креативно и забавно дружење меѓу учениците за крајот оваа учебна 2013/2014година.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.