Иако согласно измените во законот за легализација на бесправни градби, рокот за поднесување на документите се пролонгира до крајот на декември 2015 година со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните, сепак, препорака е да не се чека до последен момент за доставување на потребната документација, бидејќи користа од легализирањето на градбите е взаемна.
Граѓаните ќе станат сопственици на нивните имоти, а општината ќе може да донесе нови детални урбанистички планови, во кои ќе бидат впишани и новолегализираните објекти, што значи дека и на граѓаните и бизнис заедницата им се дава шанса за изградба на нови објекти.