Во Големата сала на општината, се дискутираше околу вештините на јавно говорење и презентирање , со посебен акцент врз потребата од подготовка, како и техниките и правилата на успешно комуницирање .
Самодоверба, самоевалуација, развивање на визуелно мислење, уметност на реториката, опуштање, автосугестија се само дел од техниките и правилата кои водат кон успешно комуницирање-истакна Мишева пред присутните советници кои преку прашања и конкретни примери зедоа учество во дискусијата.
Оваа презентација е дел од годишната програма за еднакви можности која се спорведува во соработка со Собранието на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика, како и македонското женско лоби.